Левица открива рекетарска шема во Пробиштип: Се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Нови сознанија до кои дојде партијата Левица укажуваат на уходана шема на партиски клиентелизам и злоупотреба на средства во рударските компании во Пробиштип и Крива Паланка. Според нив, секој месец од платите на рударите се одземаат, односно рударите се казнуваат за 10%, а тие средства завршуваат во приватни фирми под контрола на функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од Левица.

Од партијата во објава на Фејсбук велат „во центарот на шемата, според Левица, се наоѓа Марјан Панов – Лиса, претседател на т.н. „Патриотски институт“ и близок соработник на актуелниот кандидат за градоначалник на Пробиштип, Томе Тодоровски – Тозо. Панов е сопственик на приватната агенција за обезбедување „Security Fox”, која обезбедува два рудника: „Булмак“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка“.

„Дополнително, Левица соопшти дека во шемата е вклучена и пратеничката Драгана Арсова, чие семејно возило е регистрирано како дел од возниот парк на истата агенција за обезбедување. Клучен играч во оваа мрежа на интереси е и Тони Тоневски, директор на рудниците и кандидат за нов мандат како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, ја контролира исхраната во рудниците, додека Панов го контролира обезбедувањето, со што, како што велат од Левица, се заокружува партиската контрола и приватниот профит врз грбот на рударите. Партијата најавува институционална борба против ваквите организирани и партиски поврзани бизнис-интереси кои ги злоупотребуваат работниците и јавниот систем“ се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката