Туск: Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел може да прерасне во глобален судир, на ниво невидено по Втората светска војна.

„Судирот меѓу Израел и Иран се движи кон целосна војна во регионот, што може да ја дестабилизира целата планета. Не сме биле толку блиску до глобален конфликт уште од Втората светска војна“, напиша Туск на социјалната мрежа Икс.

Тој ги повика САД и Европа да ги здружат силите за запирање на понатамошната ескалација, нагласувајќи: „Сѐ уште не е доцна“.

Би можело да ве интересира

Израелски мајор за примирјето: Еден од најлошите стратешки неуспеси што Израел некогаш ги доживеал

А1он

Иран утрово го започна 73от бран воздушни напади

А1он

Убиен е министерот за разузнавање на Иран, потврди претседателот Пезешкијан

А1он

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Америка потврди: Соборен е авион, четири члена се мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив