Уапсен е крушевчанец, возеше со 2.09 промили алкохол во крвта

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта.

Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Скопјанец пронајден починат во куќа во гевгелиско Мрзенци

А1он

Пијан жител на Трубарево направи сообраќајка, повредени се две осум месечни бебиња

А1он

Нападна полициски началник, му најдоа марихуана, куршуми, сабји

А1он

Уапсен е возач во Гостивар – со швајцарско „бмв” усмрти млад мотоциклист

А1он

Приведен е 41 годишник, возеше велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта

А1он

Жител на велешко Башино Село го скрши рамото, падна од електричен велосипед

А1он