(ВИДЕО Демонстрантите упаднаа во „Трамп Тауер“

Од:

Околу дваесет демонстранти против Службата за имиграција и царина на САД (ICE) упаднаа во лобито на „Трамп Тауер“ на Менхетен и беа уапсени откако одбија да заминат.

Групата се состоеше претежно од постари луѓе, кои седеа на подот и скандираа: „Вратете ги! Вратете ги дома!“ додека полицијата од Њујорк пристигна во облакодерот на Петтата авенија. Полицијата ги уапси откако ги предупреди да си заминат, наредба што тие демонстрантите ја одбија.

Демонстрантите бараа ослободување на сите затвореници од затвор во Ел Салвадор, мигрантите депортирани од САД.

„Бараме администрацијата да ги врати сите од CECOT во Соединетите Американски Држави, да ги ослободи од притвор на ICE, да ги врати кај нивните семејства и да им дозволи да се појават на суд“, рече жена што го водеше протестот.

Полицијата во Њујорк потврди дека демонстрантите постојано биле предупредувани да ја напуштат областа, но тие одбиле, објави Њујорк пост. Според полициски извори, уапсени се вкупно 24 лица. Сè уште не се поднесени обвиненија.

Би можело да ве интересира

Масовни протести на Американците против Трамп

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск