Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Од:

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека Русија нема капацитет за глобален конфликт и повика на итен прекин на огнот во Украина.

– Русија не може да ја победи ниту Украина, како тогаш би се судрила со НАТО? – изјави Орбан во интервју за порталот Telex.

Според него, решението за мир треба да започне со прекин на огнот, а вистинскиот договор мора да се постигне меѓу Москва и Вашингтон. Повторно истакна дека се противи на членството на Украина во НАТО и ЕУ, тврдејќи дека тоа не е во интерес на Унгарија.

Орбан посочи дека Русија го разбира само „јазикот на силата“ и повика Европа да ја засили својата политичка и економска моќ, бидејќи, според него, моментално настапува од позиција на слабост.

Тој изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, па дури и да го пречека во Будимпешта.

Во врска со американскиот претседател Доналд Трамп, Орбан изјави дека не го смета за „месија“, но верува дека со него може да се дојде до договор за крај на војната – иако тоа би било исклучително тешко.

Унгарскиот премиер е гласен критичар на испораките на оружје за Украина и на санкциите против Русија, тврдејќи дека тие и наштетуваат на европската, а со тоа и на унгарската економија.

Би можело да ве интересира

Орбан ја гледа повоена Украина како „тампон држава“

Катерина Ѓуровски

Орбан: Европа е на историска крстосница

А1он

Орбан: Урсула фон дер Лајен повторно бара повеќе пари за Украина, астрономска сума што не постои

Орбан за писмото од Фон дер Лајен: Дополнителна финансиска помош за Украина е како испраќање гајба вотка на алкохоличар

А1он

Орбан: Финансираме земја која нема шанси да ја добие војната

Орбан: Ситуацијата е опасна, Европа е на работ на војна