Ребалансот на буџетот во Собрание до 25 јуни

Од:

Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и какошто рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот.

-Ребалансот на буџетот треба да се најде најдоцна до 25 јуни во собраниска процедура, изјави Димитриеска Кочоска.

Прашана каде ќе се крати најмногу, Димитриеска Кочоска одговори дека токму сега преговараат со министерствата и не може во моментов да говори за овој аспект, а во однос на проекциите на буџетот дали ќе ја задржат истата проекција или ќе одат нагоре или надолу, министерката Димитриеска Кочоска со одговор „нагоре нема да одиме“.

Би можело да ве интересира

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година

Стојаноски: Пратениците на СДСМ поднесуваат комични амандмани, но не доаѓаат на седница да ги образложат

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Стојаноска: Со усвојување на ребалансот на Буџетот почнува консолидација на државава