Доктори специјалисти во Кочани ги прегледуваа повредените од „Пулс“ – дел од нив се уште имаат отворени рани

Од:

Тимот од лекари специјалисти од клиниките во Скопје, што во изминатите неколку денови престојуваше во Општата болница со проширена дејност во Кочани, ја заврши евалуaцијата на состојбата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“.

Прегледани се повеќе од 110 пациенти кои претходно се лекуваа во болниците во странство, а сега имаат секојдневна физикална терапија и преврски на повредите во Болницата.

Според директорката на Општата болница – Кристина Серафимова, дополнително на прегледот за евалуација се јавиле и повредените кои беа хоспитализирани на клиниките во државата. Во наредните денови специјалистичкиот тим треба да изготви извештај по што ќе се знае во каква состојба се сите пациенти по два месеца од трагичниот настан.

Здравствените работници заедно со волонтерите од „Support Kocani“ се ангажирани на обезбедување соодветна финансиска и медицинска помош за повредените.

– Констатиравме дека некои од повредените што се вратија од лекување имаат отворени рани, а дел се со покомплицирани повреди, поради што неопходна ќе биде дополнителна пластична операција. Нашата болница не располага ниту толку со кадар, ниту со некоја специјална опрема, па нашиот најголем страв е да не се случи некаков проблем со инфекции, да не се искомплицира состојбата со некоја бактерија и да не дојде до сепса. Веќе имаше неколку случаи при преврските на повредите, да се откине дел од кожата, за што потврда добивме од некои од повредените – истакна Иван Ивановски од „Support Kocani“.

Во Општата болница во Кочани во моментот физикална терапија добиваат 40 повредени заради намалување на проблемите со движењето на зглобовите на екстремитетите, а уште 70 пациенти имаат преврски на изгорениците.

Лекувањето на голем број од пациентите ќе трае неколку години и тие не смеат да ги изложуваат повредите на сонце и надворешни влијанија.

Најголем проблем во Општата болница и понатаму останува недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри.

На тимот здравствени работници од Кочани им помагаат и лекари, физиотерапевти, инструментарки од болницата од Штип.

Би можело да ве интересира

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

А1он

Црвен крст: До денес се собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани

Обвиненија за пожарот во „Пулс“ до средината од јуни, испрашани се над 300 сведоци

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Уште чекаме помош од државата сведочи мајка на момче повредено во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Лекари специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените во „Пулс“