Дела од шест македонски автори застапени во проектот „Сто словенски романи“

Од:

Во Центарот за словенски култури во Москва во рамките на прославата на 24 Мај – Денот на словенското писмо се одржа литературна средба посветена на проектот „Сто словенски романи“ во кој се застапени и дела на македонски книжевници.

Присутните на литературната средба учесници на проектот зборуваа за чувственоста, за словенската душа што е клучна тема на словенските романи.

Македонските автори на настанот ги претстави Олга Панкина, промотор на македонската книжевност во Русиjа и преведувач, коjа констатира дека од вкупно 20 романи преведени на руски, шест се македонски. Станува збор за: „Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, „Дива лига” на Влада Урошевиќ, „Азбука за непослушните” на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза” на Гоце Смилевски, „Недела” на Ермис Лафазановски и „Бродот. Конзархиjа” на Томислав Османли.

– Словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. “Словенската екумена” крие во себе многу важни вистини и идеи, кои можат да им бидат интересни на сите, оти словенскиот свет се одликува токму со тоа што впива многу нешта од другите традиции и култури – и не се раствора, не се губи, туку напротив – ги восприема влијанијата и создава нова културна реалност, подвлече Панкина.

Литературната средба што се одржа вчера, ја иницираше Словенскиот културен форум создаден за соработка меѓу словенските земји на културен план.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим

Мицкоски: Нема лева или десна, проевропска или происточна, постои само една Македонија

Ковачевски: На Плаошник најгласно одекнува вечната и непобитна вистина за потеклото на нашиот македонски јазик, писменост и идентитет

Катерина Ѓуровски

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска