Легендата на Манчестер Сити се сели во Наполи

Од:

По 10 години на „Етихад“, фантастичниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујне го напушта Манчестер Сити како слободен агент.

Сега конечно е познато каде тој ќе ја продолжи својата кариера.

Веста дека Де Брујне постигнал договор со новиот шампион на Италија – тимот на Наполи одекна како бомба во бројни светски медиуми.

Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо открива дека Белгиецот ќе потпише тригодишен договор со Наполи.

Во првите две сезони ќе има плата од шест милиони евра годишно, а во третата пет милиони.

Покрај тоа, тој ќе добие милионска сума за потпишување на договорот. Се шпекулира дека тој ќе заработи околу 27 милиони евра за три години во Наполи.

Кевин имаше профитабилни понуди од МЛС и Саудиска Арабија, но реши да ја продолжи кариерата во Европа.

Медиумите откриваат дека преговорите со Наполи траеле цела ноќ и дека Де Брујне ќе биде претставен како нов играч на италијанскиот клуб следната недела.

Би можело да ве интересира

Наполи сe шампиони на Италија

Горан Наумовски

Крај на една ера – збогување на Де Брујне

А1он