Влен: Ќе продолжиме со ист интензитет да ги штитиме интересите на албанските и сите други граѓани

Од:

Како резултат на непоколебливата посветеност и проактивниот пристап кон управувањето на Влен, за прв пат еколошките прашања што директно влијаат на албанските подрачја влегуваат во агендата на меѓународните стратешки партнерства, велат од коалицијата Влен. Во рамките на официјалната посета на Обединетото Кралство и потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, даде поддршка за елиминирање на депониите за опасен отпад, со фокус на албанските средини кои беа запоставени со децении, велат од Вреди.

„Чистењето на тешкото индустриско загадување во населени места како Ваксинце, Љојанe и Јегуноце, кои со години се соочуваат со сериозни последици по здравјето на жителите и животната средина, сега се дел од заедничката инвестициска агенда со Обединетото Кралство. Ова конкретно достигнување е доказ за посветеноста на Влен кон развојна еднаквост и целосно вклучување на албанските средини во стратешките проекти на државата.

Влен го смета ова за голема победа за албанските граѓани, особено во регионите кои со години беа игнорирани од државните институции. Вклучувањето на овие подрачја во меѓународни проекти за чистење и рехабилитација на животната средина е важен чекор кон обезбедување на по здрав и подостоинствен живот за сите. Влен ќе продолжи со ист интензитет да ги штити интересите на албанските и сите други граѓани на секое ниво и да спроведува политики што одразуваат рамномерен развој, еколошка правда и достоинство за сите, велат од Вреди.

Би можело да ве интересира

Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

Вреди: По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

ДУИ: Оваа Влада ги прикрива неуспесите со веќе видени методи – предизборни вработувања во администрацијата

Влен: 20 години ДУИ ја користеше администрацијата како гласачка машина