Вучиќ: Дали имам гнев денес како вчера? Па јас сум само човек и ништо повеќе од тоа

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска реагираше на коментарите дека вчера „врие од гнев“ по одлуката на Апелацискиот суд во Нови Сад да ги ослободи Марија Васиќ и тројца активисти од притвор.

Претседателот Вучиќ рече дека и тој е обичен човек кој има емоции и дека не е ниту робот, ниту машина“.

„Јас сум обичен човек кој има емоции, кој секогаш се грижи за позицијата на која се наоѓа. Не можеа да ми кажат дека сум навредил некого или се однесував грубо, но можеа да кажат „беше лут“ или „беше бесен“. Само ми се чини дека секој чесен човек се чувствувал така“, рече претседателот Вучиќ и додаде:

„Во земја каде што гоните некој кој отворено ви кажува дека подготвувал пуч, воен удар, со директно насилство преку армијата, а тоа јасно го кажаа некои од обвинетите во овој судски процес, во Нови Сад, и се потврди дека го кажале ова, не станува збор за никаков фалсификат, или нешто слично. Осомничен или обвинет за вакво сериозно кривично дело да излезе од притвор после два месеци – проверив, вакво нешто нема во ниту една земја. И никој со чиста совест не би можел да донесе одлука да ги ослободи од притвор“ рече Вучиќ.

„Дали денес имам гнев како вчера, сигурен сум дека да. И повторувам, јас сум само човек, ништо повеќе од тоа. Кој се чувствува одговорен за едно големо семејство што се нарекува Србија, и секако таквите работи тешко ме погодија“ порача српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата

А1он

Вучиќ: Оваа недела не ја претставував само државата туку ја претставував нашата историја

А1он

ВИДЕО: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва, тврди српскиот министер за надворешни

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Наместо разбирање, Западот нуди само закани обвини Вучиќ од Москва

Катерина Ѓуровски

Вучиќ стигна во Москва

А1он

Авионот на Вучиќ на пат кон Москва приземјен во Баку

Катерина Ѓуровски