Сончево и топло до 28 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.

Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку степени

Би можело да ве интересира

Сончево со мала облачност, температурата до 27 степени

Сончево и топло, до 30 степени

Денеска сончево и топло

Денеска сончево и топло до 28 степени

Студено утро, преку денот претежно сончево

Студено утро, топло преку ден