Кинески тинејџер со нож уби осум лица и рани пет во североисточнит кинески град Фушун, во провинцијата Лијонин, јавуваат кинеските медиуми.
Момчето, идектификувано само како Ли е приведено. Тој нападот го извршил синоќа. Вооружен со нож влегол во домот на негова пријателка и убил двајца членови на нејзиното семејство. Потоа излегол од куќата и убил уште шест лица, а полесно ранил пет.
Причината за убиствата засега не се познати.
Во 2010 година во напад со ладно оружје во кинеско училиште загинаа 20 лица, а 50 беа ранети.