Левица: Кочанската болница работи над лимитите – што прави кризниот штаб

Од:

Сведоштвата кои доаѓаат од пациенти преживеани на кобната вечер во Кочани укажуваат дека на кочанската болница итно ѝ е потребно зајакнување на капацитетите. Во моментов, медицинскиот персонал со натчовечки напори третира над 120 пациенти, во импровизирани услови, велат од Левица.

– Како што објавија од волонтерскиот кризен штаб „Support Kocani”, пациентите се третираат без специјална када, со кофи и влажни крпи и без конкретна финансиска помош од Владата, но и без психолошка помош. За разлика од условите во Бугарија, каде пациентите биле третирани во специјални кади, тука се препуштени на импровизирани услови, а натчовечката посветеност на медицинскиот персонал е од суштинско значење.

За жал, и донираната хипербарна комора во болницата во Кочани не е целосно ставена во функција и третирана е само една пациентка, која покажала одлични знаци на заздравување. Причината зошто овој апарат не е целосно во функција е поради недостиг на кадар и персонал.

Јавноста засега информации добива само од волонтерите во Кочани, додека информациите од Владата се паушални, ниту пак се знае дали има план за зајакнување на капацитетите во кочанската болница. Дел од волонтерите сведочат дека процесот на заздравување за овие пациенти ќе биде долг и поради тоа неопходна е силна помош и интервенција од страна на централната власт.

Левица апелира дека потребно е итна реорганизација на капацитетите и вонредно зајакнување на болницата во Кочани. Иако во рамки на Министерството за здравство беше формиран кризен штаб веднаш после трагедијата, нема никакви информации дали истиот уште функционира. На ниво на централна власт, неопходно е да функционира стручен тим кој на дневно ниво ќе ги следи состојбите во кочанската болница, ќе комуницира со медицинскиот персонал од Кочани кој секојдевно работи со пациентите и навремено ќе реагира при недостатоци и пропусти, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Уште 11 повредени во пожарот во Кочани остануваат во странски болници

„Кој е следен“ со поддршка за утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Агенцијата за обезбедување од „Пулс” на иста адреса со функционер на ДПМНЕ, обвинува Левица

Судот го прифати предлогот на Обвинителствo – Крешник Бектеши оди во куќен притвор

А1он

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он