Облачно и дождливо денеска, од викендот полека ќе затоплува

Од:

Времето денеска е облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 14 степени.

Како што информира УХМР, во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 16 степени

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски