Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје

Од:

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

– Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“