Семејството на Фросина Кулакова е револтирано по одредувањето 12-годишна затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази нивната ќерка на пешачки премин во Скопје.
„Казната од 12 години затвор за вакво свирепо убиство е ништо друго освен награда за сторителот“.
Вака таткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје ја искоментира пресудата за возачот Васил Јованов кој во јануари ја усмрти неговата ќерка удирајќи ја со автомобил.
– Само уште кога влегов во судницата забележав дека родителите на Васил Јованов се релаксирани. Дали тие ја знаеја висината на казната? Откако целиот овој случај е искасапен, не исклучуваме нашето незадоволство повторно преку протести да го изразуваме пред судовите и пред Судскиот совет. Тие штитат вакви криминалци од судии. Мафијашки суд штот наркодилер. Многумина на душа ќе ја носат Фросина. Бог нека им суди и нека им пресуди. Ние не се откажуваме – порача Кулаков.
Тој зборуваше и за совозачите кои биле во автомобилот за време на сообраќајната несреќа, а за кои рече дека биле исклучени од овој случај.
На излегување од судницата Кулаков влезе во директна расправија со родителите на Васил Јованов.