Проф. д-р Крлиу: Секогаш сме биле предводници на новите идеи, УАКС продолжува да расте и да менува животи преку образование

Од:

Во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) уште еднаш ја потврди својата заложба да биде универзитет кој не само што ќе пренесува знаење, туку и ќе го обликува начинот на кој што општеството размислува, делува и се развива.

На свечениот настан, проректорката за настава и претседателката на Одборот на директори, проф. д-р Венера Крлиу истакна: „Пред дваесет години, кога го основавме Американ, имавме една идеја – која беше храбра, можеби и амбициозна – но беше многу конкретна и јасна. Да создадеме образовна институција која ќе гради кариери, но пред сѐ карактери, која ќе го трансформира општеството преку знаење и ќе ги следи највисоките светски стандарди на академска извонредност. Нашата заложба била и останува да создадеме граѓани на светот – и навистина е задоволство да се види тоа во секој еден наш студент”.

Во тој дух, УАКС најави дека почесната титула Професор Honoris Causa ќе ѝ биде доделена на проф. д-р Светлана Мојсов, светски призната биохемичарка, професорка на Универзитетот Рокфелер и член на Американската академија на науки.

Проф. Мојсов е најпозната по своето револуционерно откритие во лекувањето на дијабет – со огромно позитивно влијание врз милиони луѓе во светот.

Во рамки на јубилејната година, УАКС ќе реализира низа тематски настани, вклучително и голем едукативен форум во ноември, посветен на иднината на образованието во Македонија и пошироко. Форумот ќе ги обедини истакнати професори, институционални лидери и визионери од земјата и регионот.

„Тој ќе биде точка на пресврт, клучен момент од кој ќе произлезат многу нови идеи, важни за образованието во земјата. Секогаш сме биле предводници на новите идеи, така ќе биде и понатаму” рече проф. Крлиу

Како што беше истакнато на вчерашниот настан, УАКС продолжува да предводи со интегритет, љубопитност и посветеност кон напредокот – докажувајќи дека образованието, кога е длабоко вкоренето во вистинските вредности, има моќ да создава трајна промена.

Би можело да ве интересира

По 20 години успех, УАКС се подготвува за поголема глобална улога

Катерина Ѓуровски

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Катерина Ѓуровски

20 години Американ Колеџ – успешна приказна на визија, посветеност и квалитетен тим

Катерина Ѓуровски