Во викендот посвежо и со дожд

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15 литри на квадратен метар. Минималната температура е во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а в недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени

А1он

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне

Сончево и топло со температури до 34 степени, најава за пороен дожд попладне