Басеску: Не победив ниту јас, не победија ниту тие

Од:

Привремено отстранетиот романски претседател Трајан Басеску денеска изјави дека ниту тој победил, ниту владеачките партии, кои го иницираа неговото отстранување од должноста, и подвлече дека Уставниот суд е тој што треба да ја донесе одлуката.

Ако треба да бидам искрен, не победив. Не победија ниту тие, изјави Басеску, одговарајќи му на симпатизер кој го поздрави за резултатите од референдумот.

Според денеска објавените резултати на Централното изборно биро, на референдумот гласале 46,24 проценти од избирачите, што значи дека нивното учество не е доволно за неопходните 50 проценти плус еден од лицата со право на глас за референдумот да се признае за валиден.

Уставниот суд денеска во 14 часот по локално време се собра на заседание за да одлучи за валидноста на референдумот.

Владеачкиот Социјал-либерален сојуз (СЛС) утринава сооопшти дека поднел жалба во Уставниот суд во врска со референдумот од 29 јули, но „од почитување на независноста на правосудството“ одбива јавно да ја каже нејзината соддржина.

Одделно претседателите на двата Дома на парламентот, Валериу Згоња и Петру Филип, и двајцата од СЛС, исто така поднеле жалби до Уставниот суд со барање да се потврди валидноста на референдумот без условот за кворум. Тие тврдат дека референдумот од 29 јули бил организиран врз основа на закон за референдум, што не го предвидува условот за минимален праг на учество.

Ако референдумот биде признат за валиден, тоа значи автоматско отстранување на Басеску од функцијата, бидејќи 86,52 проценти од оние што гласаа се изјаснија за неговото соборување од власта.

За одлуката на Уставниот суд да биде валидна неопходни се гласовите на две третини од неговиот состав, односно на шест од вкупно деветмината судии.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски