Tренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим денеска изјави дека неговиот тим може да биде најлошиот премиерлигаш кој госвоил европски трофеј оваа сезона.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утревечер од 21 часот на свој терен ќе играат против Атлетик Билбао, реванш од полуфиналето на Лига Европа. Во првиот натпревар минатиот четврток во Шпанија, Јунајтед победи со 3:0.
На прес-конференција, новинарите го потсетија Аморим на неговата изјава од јануари, кога рече дека неговиот тим може да биде најлошиот во историјата на Манчестер Јунајтед, но сега истакнаа дека Јунајтед има можност да се бори за европскиот трофеј и на тој начин некако да ја спаси сезоната.
„За мене, во тој момент, кога ќе ја погледнете Премиер лигата, ние сме резултатски најлошиот тим откако дојдов. Така мислам. На крајот од сезоната би можеле да бидеме најлошиот тим во историјата на Премиер лигата со европска титула“, изјави Аморим.
„Значи, нема да менуваме ништо. Знаеме дека оваа сезона е разочарувачка. Ништо нема да се промени, во тој момент, морам да размислам уште малку, но така мислев. Сè уште мислам дека оваа сезона е најлоша во последните 50 години”, додаде португалскиот тренер.
По 35 кола во Премиер лигата, Јунајтед е 15-ти на табелата со 39 бодови.
На конференцијата беше и напаѓачот на Јунајтед, Алехандро Гарначо, кој беше прашан за изјавата на тренерот и како таа влијае на играчите.
„Знаеме дека не работиме голема работа во Премиер лигата. Ги почитуваме правилата и утре ќе влеземе во игра како да е 0:0. Ако ја освоиме Лигата на Европа, ќе се пласираме во Лигата на шампионите и следната сезона можеме да ја дочекаме со подобар менталитет”, изјави Гарначо.
Натпреварот во четврток ќе го пропушти Матијс де Лихт, кој се повреди викендов на дуелот против Брентфорд (3:4) во Премиер лигата.
Во четврток од 21 часот во Норвешка во второто полуфинале во Лига Европа ќе играат Бодо Глимт и Тотенхем. Во првиот натпревар лондонскиот тим победи со 3:1.
Финалето е закажано за 21 мај во Билбао.