Вучиќ стигна во Москва

Од:

Авионот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ слета во Москва, јавува „Русија 24“.

Авионот со кој српскиот претседател отиде во Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, претходно полета од Баку.

Авионот беше во Баку и чекаше одобрение за продолжување на летот за Москва, поради непријателствата меѓу Русија и Украина.

Во претходните неколку дена аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади на украински беспилотни летала.

Вчера српски „Новости“ први објавија дека литванските и латвиските власти го забранија летот на српски авион за Москва, преку воздушниот простор на овие две земји.

На 9 мај во Москва со Парадата на победата ќе се одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, а претседателот Вучиќ претходно најави дека и покрај сите притисоци, ќе оди во Москва да го прослави Денот на победата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он

ВИДЕО: Александар Вучиќ поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Вучиќ за пресудите против лидерите на ОВК: Судскиот совет не утврди систематски напади врз цивилното население

А1он

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 27 септември

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“