Мерц удри по САД: Не се мешајте

Од:

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше американската администрација за мешање во внатрешните работи на Германија, но во исто време најави телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во четврток.

„Не се мешав во изборната кампања пред американските избори, ниту ги поканив граѓаните да гласаат за оваа или онаа партија, а истото го очекувам и од американските политичари“, рече Фридрих Мерц во интервју за јавната телевизија ЗДФ.

Мерц ги критикуваше неодамнешните изјави на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, кои го осудија назначувањето на партијата Алтернатива за Германија (АфД) како екстремно десничарска организација.

Рубио зборуваше за „тиранија“ во Германија.

„Тоа е целосно апсурдна перцепција за Германија“, рече Мерц.

Советникот на американскиот претседател, Илон Маск, во неколку наврати ја поддржа АфД пред германските избори на крајот на февруари.

Мерц најави и дека сака што поскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Не се познаваме лично, но ќе разговараме отворено“, изјави новиот германски канцелар.

Би можело да ве интересира

Мерц: Трамп беше надигран и понижен

Мерц: Иран ги „понижува“ САД – Вашингтон без убедлива стратегија

А1он

Европа подготвува воена мисија во Ормусткиот теснец без Америка, Израел и Иран

Мерц за нападот врз Иран: Ако САД нè прашаа, ќе речевме – немојте!

А1он

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

Катерина Ѓуровски

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он