(ВИДЕО) Индија испука ракети кон Пакистан, цел беа неколку локации: Исламабад најави жесток одговор

Од:

Портпаролот на пакистанската војска вечерва изјави дека Индија извршила ракетни напади врз три локации на територијата на Пакистан, вклучувајќи го и стариот аеродром во Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел од Кашмир.

Нападот се случил доцна навечер, а пакистанските власти реагирале остро, опишувајќи ја акцијата како „неиспровоцирана агресија“ и најавувајќи одговор.

Портпаролот на пакистанската армија изјави дека Пакистан „ќе одговори на оваа неиспровоцирана агресија од страна на Индија“.

Првите видеа за кои се тврди дека прикажуваат ракетни истрели се појавија на социјалните мрежи.

Индиското Министерство за одбрана објави официјално соопштение во кое се наведува дека индиските вооружени сили започнале операција
„Операција Синдор“, насочена кон вкупно девет локации за кои тврдат дека се терористички кампови во Пакистан и делот од Џаму и Кашмир што е под контрола на Пакистан.

„Нашата акција беше фокусирана, одмерена и немаше за цел ескалација. Ниту еден пакистански воен објект не беше цел“, се вели во соопштението од Њу Делхи.

Индиската страна тврди дека нападите биле одговор на терористичкиот напад во Пахалгам во кој беа убиени 25 индиски државјани и еден непалски државјанин.

Индиските власти, исто така, најавија дека ќе одржат детален брифинг за операцијата во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца од четиричлената група крадци од Лувр

Предраг Петровиќ

Дали следува американски напад врз Венецуела: Пентагон распореди и носач на авиони

Анкетерите ги прашаа Украинците што со Зеленски по војната

Медведев: Испораката на томахавк ракети може лошо да заврши за сите, пред се за Трамп

Предраг Петровиќ

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Израелците го послушаа Трамп: Армијата доби наредба за Газа, нападите се запрени