Мурал со ликот на Андреј од ДНК во скопската населба Аеродром

Од:

Во кафуле во скопската населба Аеродром направен е мурал посветен на прерано починатиот музичар Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“ кој го загуби животот во страотната трагедија во кочанската дискотека „Пулс“. На ѕидот е нацртан неговиот лик, а испишани се и дел од стиховите на песната „Круг“, која била омилена на сопственикот на локалот.

„Заедно сите растевме, се смеевме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме… Љубовта кон Андреј и ‘ДНК’ секојдневно ја пренесував низ нивните песни во кафулето“, споделува сопственикот на локалот, Дамјан.

Тогаш одлучил да ги спои трите нешта кои најмногу му значат: локалот, Андреј и омилената песна „Круг“.

„Андреј ќе живее вечно. Како низ песните, така и преку муралот кој ќе нè потсетува на неговото дело и ќе ни буди убави спомени“, додава тој и упатува благодарност до уметникот и неговата екипа за поддршката и реализацијата.

Би можело да ве интересира

Коцевски очекува обвинение за полицајците во случајот „Пулс“ до септември

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Огромен дел од здравствената заштита на повредените во Кочани е покриен од државата, тврди Клековски

Во Кривичен пристигна целиот предмет за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Тројца пациенти повредени во „Пулс“ сè уште се лекуваат во странство

Горан Наумовски

„Марш за ангелите“: Зошто сѐ уште нема одговорност, до кога ќе чекаме одговор?