Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Горонтало во Индонезија, соопшти сеизмолошката и метеоролошката агенција на земјата.
„Потресите беа почувствувани во различни делови на Горонтало, дури и во оддалечени области како што се Северен Сулавеси, Северен Калимантан и Централен Сулавеси“, се вели во соопштението на агенцијата на својата веб-страница.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 97 километри.
Немаше извештаи за жртви или материјална штета од земјотресот. Нема опасност од цунами.
Индонезија често е погодена од земјотреси, вулкански ерупции и цунами поради нејзината локација на „Огнениот прстен“, појас од вулкани и тектонски раседи долг 40.000 километри што го опкружува Тихиот Океан. „Огнениот прстен“ е дом на речиси 90% од приближно илјада и пол познати вулкани на планетата. 90% од сите земјотреси на Земјата се случуваат таму.