Ламинe Jамал ја воодушеви цела Европа, не само со своите вештини на највисоко ниво, туку и со фактот дека се уште има само 17 години.
Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер, тој постигна спектакуларен гол изведе уште неколку феноменални потези.
Јасно е зошто е „тема број еден“, а за тоа проговори и поранешниот англиски репрезентативец, дефанзивецот Рио Фердинанд.
„Не знам дали во моментов постои фудбалер кој со својата игра предизвикува таква возбуда на секој натпревар“, изјави Фердинанд.
Тогаш поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед беше директно прашан за тоа и тој уште еднаш го повтори.
„Златна топка, златна топка, златна топка“, веднаш одговори Фердинанд и додаде:
„Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и финалето на Лигата на шампионите, тогаш не се сомневам дека тој мора да ја освои Златната топка. Тоа исто така ќе ги замолчи луѓето кои се повикуваат само на статистиката – не е само статистиката што го прави овој натпревар“ вели Фердинанд.
Барселона утре гостува кај Ваљадолид во Ла Лига, каде победата е императив во трката за титулата, а потоа во вторник на 6 мај ќе го одиграат реваншот против Интер на стадионот „Џузепе Меаца“.