Лена Хендерсон и Роланд Дејвис се вљубиле уште како тинејџери, се венчале, добиле четири деца и се развеле во 1964 година. Потоа секој заминал по својот пат.
Тој повотрно се оженил, но неговата сопруга починала пред неколку месеци и Роланд (85) одлучил да и се врати на првата жена.
„Ме повика 50 години после разводот и ме праша дали повторно би се омажила за него. Прифатив“, рече невестата, која исто така има 85 години.
„Убаво е кога знаеш дека ќе имаш некого со кого ќе ги минеш буквално сите денови до крајот на животот“, вели младоженецот.
Двојката повторно ќе се венча следниот викенд во црква во Бафало во државата Њујорк.