Женката орангутан Тори префрлена е од Зоолошката градина на некое друго место бидејќи псетителите постојано и давале цигари.
Претставникот на Зоолошката градина „Тару Јаруг“ во Индонезија изјави за тамошните медиуми дека Тори, заедно со својот партнер Дидик ќе бидат префрлени на некој пуст остров.
Тори (15) со години ги воодушевуваше посетителите на Зоолошката градина со својата мимика, која многу потсетува на човековата.
Таа пуши цигари речиси десет години. Посетителите најмногу ја фотографирале кога држела цигари меѓу прстите и го тресела пепелот.
Лекарите сметаат дека здравјето на Тори не е премногу нарушено од десетгодишното пушење.