Путин нуди крај на инвазијата во замена за мировен договор со Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин понуди да се запре инвазијата на Украина долж сегашната линија на фронтот, како дел од напорите за постигнување мировен договор со претседателот на САД, Доналд Трамп, според извори запознаени со преговорите.

Според три лица, Путин изјавил за време на состанокот со Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп, на почетокот на месецот во Санкт Петербург дека Москва може да се откаже од своите претензии за територии во четири делумно окупирани украински региони кои се уште се под контрола на Киев.

Во меѓувреме, САД изнесоа идеи за можен договор кој би вклучувал признавање на руската власт над украинскиот полуостров Крим, како и премолчено прифаќање на де факто контролата на Кремљ врз делови од четирите украински региони што моментално ги држи.

Ова е првпат од почетокот на војната Путин формално да сигнализира можност за повлекување од максималистичките барања како услов за прекин на инвазијата.

Сепак, европските претставници запознаени со американските иницијативи предупредуваат дека Путин би можел да ја искористи очигледната отстапка како мамка за да го натера Трамп да прифати други руски барања и да и ги наметне на Украина како остварен факт.

„Сега има голем притисок врз Киев да се откаже од одредени работи за Трамп да може да прогласи победа“, рече европски функционер.

Би можело да ве интересира

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж

Путин го потпиша законот за заштита на рускиот јазик во јавниот простор

А1он

Зеленски: Путин ги отфрли сите мировни предлози, дури и оние од САД

А1он

Путин: Русите и Украинците се еден народ, Украина е наша

А1он

Јакнењето на врските со африканските земји е приоритет за Русија, вели Путин

А1он

Главна тема на разговорот меѓу Ердоган и Путин беше конфликтот Иран – Израел

А1он