Бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денари по литар

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,49, односно за 4,25 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од утре ќе чини 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 2,559 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 45,019 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 – дневен период и за 0,94 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95