Јахоски останува во притвор, Кривичен суд го одби предлогот за замена на мерката со гаранција

Од:

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.

Како што се наведува во соопштението, Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент се уште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, односно околности кои укажуваат дека лицето може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сеуште е во тек и се уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази.

-Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе го пушти Јахоски од притвор ако му плати на судот 1.170.000 евра

А1он

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за Капушевски и Јахоски за перење пари: одземена документација, муниција, возила

Катерина Ѓуровски