Обвинителството ќе го пушти Јахоски од притвор ако му плати на судот 1.170.000 евра

Од:

Обвинителство го условува предлогот на Асмир Јахоски, кој е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, за укинување на претходно изречената мерка притвор во замена за гаранција во недвижен имот во вредност од 978 илјади евра, со давање на дополнителна банкарска гаранција во вредност од 1,16 милиони евра и мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува пред надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа.

Од ЈОРСМ, информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК доставил мислење во однос на Предлогот за укинување на мерка притвор со предлог гаранција, поднесен од осомничениот за сторено кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

– Во мислењето, јавниот обвинител истакна дека предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60 672 235 денари, може да биде основан само ако осомничениот, во исто време, на посебна сметка на судот, дополнително да депонира и износ од 72 000 000 денари. Во конкретниот предмет, според доказите со кои располага обвинителството, износот од 72 000 000 денари одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист за овој осомничен од кој во понатамошна постапка би можело да се наплати евентуалното отштетно побарување од него.

Исто така, јавниот обвинител побара од судот на осомничениот да му бидат определени и мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање. Притоа, обвинителот ги имаше предвид и списите во предметот, како и фактот дека обвинителството во меѓувреме обезбеди поголем дел од материјалните и вербалните докази, со што значително е намален ризикот дека тој би можел да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци.

Согласно даденото мислење, само со определување на сите погоре наведени мерки обвинителството ќе смета дека се исполнети условите за укинување на претходно изречената мерка притвор.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 14 март годинава донесе одлука со која мерката куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Јахоски останува во притвор, Кривичен суд го одби предлогот за замена на мерката со гаранција

А1он

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за Капушевски и Јахоски за перење пари: одземена документација, муниција, возила

Катерина Ѓуровски