Заеднички проект на „Витаминка“ – Прилеп и USAID

Од:

„Витаминка“ – Прилеп и USAID, ќе соработуваат на проектот за експанзија на мали бизниси. Ова е пилот проект и ќе значи помош за малите и средни бизниси да се развиваат и да опстанат во времево на голема конкуренција.

Проектот ќе ги зголемува и зајакнува капацитетите и квалитетот на малите и средните бизниси од Полог и Пелагонија, со што тие би станале добавувачи на големите фирми.

„Лидерската позиција на Витаминка како компанија е обврска плус за нас да се вклучиме во овој тип на проекти каде реално ќе може да помогнеме на стопанскиот сектор во земјава. Изминативе години докажавме дека една од основните цели на Витаминка како општествено одговорна компанија е да придонесе во развојот на локалната заедница каде опстојува и функционира. Со овој проект реално може да се помогне на малите и средни бизниси да одат чекор напред, да се развиваат и да опстојуваат во средина каде конкуренцијата е голема. Ние како компанија го имаме знаењето, искуството, можностите за развој што може да се имплементира во ланецот на добавувачи на Витаминка. Овој тип на соработка поставен на здрава основа со поддршка од УСАИД не може да не донесе позитивни резултати“, вели генералниот менаџер на „Витаминка“, Сашо Наумоски.

За USAID, ова партнерство со „Витаминка“, е значајно. Се работи за пилот проект, ќе се види што во моментов се увезува, а со помош на проектот ќе може локално да се набавува.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница