Путин прогласи велигденско примирје

Од:

Претседателот на Русија – Владимир Путин прогласи велигденско примирје, објави Кремљ. Тоа стапува на сила денеска во 18 часот.

Шефот на руската држава нареди прекин на сите борбени операции за време на велигденското примирје, пренесува РИА.

Прекинот на огнот ќе трае до полноќ, од недела кон понеделник.

Руските вооружени сили треба да бидат подготвени да одговорат на можни прекршувања и провокации од страна на непријателот, прецизираше рускиот претседател.

Текот на примирјето ќе ја покаже подготвеноста на режимот во Киев за желбата и способноста прашањето да се реши по мирен пат, вели Путин.

Би можело да ве интересира

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Путин: Нема толеранција за величењето на нацизмот

А1он

Путин: Киев нема да ја разниша руската енергетска индустрија

А1он

ВИДЕО: Трамп и Путин разговараа еден и пол час, Кремљ објави детали

Путин: НАТО повеќе не крие дека се подготвува за војна со нас

А1он

Путин: Руските сили напредуваат во сите правци

А1он