Кос – Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан

Од:

Европската интеграција на Западен Балкан и важноста на проширувањето на Унијата било во фокусот на средбата на бугарскиот премиер Росен Жељазков со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која во Софија оствари средби со највисоките бугарски политички претставници, а учествуваше и на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“.

Жељазков, по средбата со Кос, рече дека Бугарија секогаш со особено внимание и висок степен на одговорност пристапувала кон напорите за целосна и полноправна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Нагласил дека бугарската позиција е јасна и конзистентна и оти Софија го поддржува европскиот пат на секоја земја од Западен Балкан, според принципите на индивидуалниот пристап и постигнатиот напредок.

-Ние ќе продолжиме да го поддржуваме тој процес, бидејќи го сметаме за дел од нашата стратешка визија за стабилен, просперитетен и обединет европски континент, изјави Жељазков по средбата со еврокомесарката, додавајќи дека „историјата, културата и георгафската близина со земјите од регионот ни даваат уверување и можност да бидеме не само посредници меѓу Западен Балкан и Европската Унија, туку и движечка сила на овој процес, како и негов застапник“.

Според него, без интеграција на овој регион, европскиот проект едноставно не може да се заврши.

-Европската иднина на Западен Балкан е гаранција за просперитет и мир, но и своевидна превенција од влијанието на силите кои имаат за цел неединство и нестабилност – како во регионот, така и во Европа во целина. Дополнително, интеграцијата на земјите од регионот на Западен Балкан е стратешки избор поврзан со безбедноста, стабилноста и конкурентноста на целиот континент, рече Жељазков.

Премиерот изрази уверување дека посветеноста на реформите мора да биде обострано – и од страна на кандидатите, но и од страна на Европската Унија, додавајќи оти се потребни се предвидливост, искреност, јасност и дијалог.

Според него, денес, кога Европа се соочува со нови предизвици, воени конфликти, хибридни закани, миграциски притисок и енергетска несигурност, интеграцијата на Западен Балкан е од особено значење за Бугарија и бугарската влада.

Еврокомесарката Марта Кос се заблагодари на Бугарија за поддршката за проширувањето, нагласувајќи дека проширувањето е еден од најважните приоритети на актуелната Европска комисија.

-Приклучувањето на вашите соседи во Европската Унија ќе донесе многу придобивки за бизнисите во Бугарија. Тоа ќе ја поттикне трговијата, ќе ги подобри можностите за инвестирање и ќе го подобри пристапот до Централна Европа, рекла Кос, додавајќи дека европската интеграција ќе доведе до стабилност и безбедност во регионот.

Претходно, Кос се сретнала и со шефот на бугарската држава Румен Радев, кој рекол дека за да биде одржлив и неповратен, процесот на проширување на ЕУ мора да биде изграден врз вистинската имплементација на Копенхашките критериуми за членство.

Би можело да ве интересира

Кос: Ве молиме направете ги реформите и бидете подготвени да го отвориме првиот кластер

Кос: ЕУ ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во унијата

А1он

Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Марта Кос изрази длабоко жалење за трагедијата во Кочани

А1он

Муртезани на средба со еврокомесарката за проширување

А1он