Басеску „преживеа“

Од:

Трајан Басеску останува претседател на Романија.

Референдумот, што го распиша новата романска влада со цел да го симне од власта, не успеа заради недоволниот одзив на избирачите.

Централната изборна комисија соопшти дека на референдумот излегле 45,92 отсто од запишаните избирачи, а за неговиот успех беше неопходно на избирачките места да се појават барем половина од гласачите.Сепак од оние што гласале, 87% биле за заминување на Басеску.

„Романците го отфрлија државниот преврат на 256-те пратеници на чело со премиерот Виктор Понта и привремениот претседател Крин Антонеску. Романците одлучија за својата судбина, правејќи го референдумот невалиден“,изјави Басеску.
Одлуката на Уставниот суд за референдумот ќе се почитува од левоцентристичкото мнозинство, изјави привремениот претседател Крин Антонеску.

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека никој не може да ја занемари волјата на милиони луѓе, кои гласаа на вчерашниот референдум за отстранување од власта на претседателот Трајан Басеску.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски