(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

Од:

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поканата да присуствува на специјализираната изложба „Експо 2027“, која за две години ќе се одржува во Белград.

– Ве поздравувам претседателе Вучиќ, ви благодарам за поканата за учество на Експо 2027. Се гледаме наскоро – порача Роналдињо на социјалните мрежи.

Роналдињо (45) во својата кариера играше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.

За бразилската репрезентација од 1999 до 2013 година настапи на 97 натпревари и 33 пати се запиша во листата на стрелците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Зеленски кај Вучиќ во Белград

Катерина Ѓуровски

Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Повеќе нема да има злосторства врз српскиот народ

Вучиќ: Не постојат босански и хрватски Срби – сите сме Срби

А1он

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав