Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

Од:

Вчеравечер, на сцената на Народно позориште, Сараево, беше изведена претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на реномираниот Синиша Евтимов.

Публиката во Сараево имаше ретка привилегија да ужива во оваа интензивна и длабоко ангажирана претстава, изведена од врвна актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската театарска сцена: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

„12“ е претстава што остава силен впечаток – со длабока психолошка анализа, моќна социјална порака и актери во извонредна уметничка форма. Кулминацијата на вечерта беше долгиот и громогласен аплауз, проследен со стоечки овации – искрен израз на восхит и почит кон актерската екипа и квалитетот на македонската театарска уметност. Овој настап на Македонскиот народен театар во Сараево уште еднаш ја потврдува улогата на театарот како простор за дијалог, катарза и споделување универзални човечки вредности, надвор од границите.

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани

МНТ со мултимедијален проект ќе одбележи 80 години, за драмска дејност годинава има 6,3 милиони денари

80 години Македонски народен театар

Катерина Ѓуровски