МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

Од:

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.

Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување.

Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор.

Министерството за здравство активно ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиески: Драган Петрушев е заштитен од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Осми „Марш на ангелите“: Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите

Одбраната од денеска има увид во доказите за пожарот во „Пулс“, продолжува истрагата за полицајците

Катерина Ѓуровски

Повредените во „Пулс“: Ако си замине докторката Паниќ-Мирчоска ќе останеме без професионално лекување

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава за Мицкоски за истрагата за трагедијата во Кочани

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани

А1он