Група студенти во блокада во Нови Пазар денеска се обиде да го блокира тргнувањето на автобусите кои превезуваат граѓани кои сакаат да присуствуваат на денешниот централен собир „Србија не ја даваме“ во Белград, јавуваат српските медиуми.
— MMMarija (@Marija64729972) April 12, 2025
Студентите седнаа на патот пред кружен тек во градот, од каде полицијата ги одведе, а автобусите поминаа.
Денеска во Белград се одржува централниот состанок на тридневниот собир „Нема да ја дадеме Србија“ на кој ќе биде претставено националното движење.