30 дена притвор за уапсената вработена во ПС и активистка на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

Од:

30 дневен притвор е определен за една од вработените во Полициската станица во Прилеп, која заедно со колешка е осомничена се за земање мито и злоупотреба на службени овластувања. За сликање за пасоши и за лични карти, преку ред, земале од 500 денари до 50 евра.

Двете вработени намерно правеле редови и гужви. А преку блиски агенции внесувале луѓе преку ред и земале мито.

Се работи за две жени, едната висок функционер во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и втората исто така висок активист на ВМРО-ДПМНЕ.

И двете уапсени се членки на ВМРО-ДПМНЕ, а дознаваме, синот на едната уапсена, за која и е определен притворот е вработен во Владата на Република Македонија.

А1 дознава од извори на Внатрешната контрола на МВР, дека за мајката на високиот функционер, вработен во Владата, ова е последователно втора истрага за злоуптреба на службената должност и овластувања.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер министерот Филипче кој заедно со Заев стана милијардер да каже како нема грижа на совест за сите кои ги загубија животите заради неговата лакомост

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Нека предложи Пендаровски решение за проблемот за влез во ЕУ и НАТО

Емир Латифовиќ