Борисов: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани, се постапува по жалби на одлуки на судии на претходна постапка

Од:

Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и дека се постапува по изјавени жалби на судии на претходна постапка во врска со пожарот во дискотеката во Кочани која се случи на 16 март и во која животот го загубија 61 лице, а беа повредени околу 200.

-Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава, рече Борисов.

Борисов нагласи дека секој кој што постапувал како судија на претходна постапка согласно одредбите од Законот за кривична постпака, односно член 33 од овој закон понатаму не може да учествува како судечки судија, член на Совет за оцена на обвинителни акти итн.

Претседателот на Основен суд Кочани истакна дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка.

-Постапувааат тројца судии. Ние сме суд со пет судии, вклучително и јас како претседател на судот, тројца судии, двајца од судиите постапуваат во Кривичен совет и делегиран судија од друг Основен суд кој би можел да постапува како судија во суд со проширена надлежност, рече Борисов.

Работната група до претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски го доставила извештајот за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово, а на обвинет

Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека уште е рано да се разговара за тоа што доколку таму не може да се реализира судењето.

-Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, за тоа не треба да одлучува Судскиот совет. Ќе се постапи согласно законот, рече Камбовски.

Би можело да ве интересира

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше: Работев како келнер без договор кобната вечер

Судијката во процесот „Пулс“ – Груевска Илиевска порача: Редот и правото на одбрана се основа на фер судење

Горан Наумовски

Наунов: Адвокатурата има клучна улога, но мора да се почитува траумата на семејствата

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“