Меркел и Оланд „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ветија дека „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“.

Во заедничкото соопштение по телефонскиот разговор меѓу двајцата државници се наведува дека „Германија и Франција се длабоко посветени на зачувување на интегритетот на еврозоната и ветуваат дека ќе направат се што е потребно за да ја заштитат оваа монетарна унија“.

„За да го постигнеме тоа, државите членки на еврозоната и европските институции мораат да ги исполнуваат своите обврски. Германија и Франција го нагласуваат значењето за итната примена на заклучоците на Европскиот совет од крајот на јуни“, се додава во текстот на соопштението.

Францускиот претседател пред три дена изјави дека се заложува за „брза и одлучна примена“ на реформите договорени на самитот на лидерите на ЕУ кон крајот на јуни во Брисел.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски