Петров: Проблемот е кај тој што седел гол дома или кај тој што одел кај голиот?

Од:

Претседателот на СМК, Тодор Петров реагираше со соопштение на интервјуто на Љубчо Георгиевски во неделникот „Фокус“, каде лидерот на ВМРО-Народна кажа дека бил пречекуван од домаќинот гол со пешкир околу половината како Промотеј.

„Каде се случило господине Георгиевски таа емотивна голотија? Кај мене дома? Ами ако првиот пат не ви се допаднало оти седам до вас гол, што мајка баравте дури трипати да доаѓате на голо? А, ако навистина тоа се случило, кај кого е емотивниот проблем, кај тој што бил гол дома, или кај оној што одел кај голиот, дури најмалку трипати, кај него дома? И, и кажа на Снешка како изгледам гол? А, ја праша дали и таа доаѓаше кај мене на голо? А да, не не е во прашање мојата емотивност, туку вашата сексуалност? Скраја да е, Љубчо Георгевски никогаш не бил кај мене дома, никогаш! Која одвратност од човек кој, за жал, беше и ќе остане за навек само една голема маскота на туѓи и други центри за демонтажа на Македонија!

Најверојатно голотиите ќе ги решава судот и со ФОКУС и со Љубчо, ама веста во ФОКУС со монтираната фотографија на насловната страница и “шокантната вест“, покажува до кое дно стигна нашето новинарство или рекетарство. За лица од типот на Георгиевски и да не зборуваме, за нив е потребна терапија, но во Идризово, доживотно, не за голотиите, туку за велепредавството. Срамота!

Петров во рекацијата вели дека се работи за монтиран случај.

„Читам и не можам да се изначудам на неодговорноста и тенденциозната непрофесионалност на Никола Младенов и неговиот дневен и неделен ФОКУС. Се разбира, тоа не е случајно. И тоа не е дијагноза на изолиран случај, туку дијагноза на историја на една матрица на цело постење: монтажи на порачани наслови и содржини, кои луѓето треба да ги дискредитираат поради моќта на објава во медиуми.

Во што е шокантноста на монтираната вест во ФОКУС? Велепредавството на Љубчо Георгиевски, неговиот бугарски врховизам, сервилноста за инсталираната војна во 2001 година, размената на територии и население, сепаратизмот и дезинтеграцијата на државата, криминалното и незаконско богатење, бугарското државјанство, декларацијата дека е Бугарин по потекло, коалицијата со Бранко? Ова не се закани, господине Младенов. Или Вашето дефокусирање на јавноста: “Љубчо после 19 години ја открива тајната зошто му е поднесена кривична пријава. Тодор Петров го дочекувал гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал.“ И замислете, тоа се случило дури трипати?! На толку се сеќава… Дури и дал до знаење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров. Која нискост и перверзија. Наместо да се скрие, да го нема, човекот јава на апокалипсата за да ги снема, тој та и тие околу него, оти освен за предавства и сплеткарења за ништо друго не ги бива. Господине Георгиевски, јасна е алузијата за Александар Македонски и Тодор Александров, неспоредливи двајцата, ти со нив па никако, ама кога собираше симпатии во 1990, што беше Љубчо Георгиевски: “Сакаме да го потсетиме Македонецот, дека токму од оваа наша почва македонска, тргнаа војските на Александар Македонски и наметнаа една култура на цела Азија и Европа“, пишува Петров.

Би можело да ве интересира

СМК повика за семакедонско помирување и обединување

Емир Латифовиќ

Изборно генерално собрание на СМК

Емир Латифовиќ

СМК ќе гради 33 метарски крст во општина Аеродром

Емир Латифовиќ

СМК: Промената на името на државата е трајна промена и на името на народот и јазикот

Емир Латифовиќ

СМК: Македонците од Албанија кои имаат државјанство имаат право на глас

Ана Ололовска

СМК: Кревањето на 35 метарско албанско знаме во Кичево е провокација

Ана Ололовска