69 повредени од дискотеката „Пулс“ се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Од:

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба.

Во моментот, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа:
– Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6,
-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,
-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.
-Во Систина се лекуваат двајца пациенти.

Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо