За три часа во Албанија полицијата затворени 540 објекти за игри на среќа

Од:

Албанската полиција во синоќешната акција реализирана на целата територија на земјата, затвори повеќе од 540 објекти за игри на среќа и спортски обложувалници поради нелегално работење.

Сите субјекти биле контролирани дали поседуваат лиценца за работа, плаќање даноци како и други нормативи кои истите треба да ги исполнуваат, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во акцијата биле ангажирани над шест илјади полицајци, даночни инспектори како и други стручни лица од Министерството за финансии.

Албанскиот прв полицаец Саимир Тахири, кој од блиску ја следеше акцијата изјави дека нелегалните игри на среќа се „претвориле во социјална и економска рана за буџетот на  албанските семејства и дувло на криминалитет, кој создава проблеми во јавниот ред и мир“.

– Овие резултати од акцијата се остварени само за три часа, колку што траеше синоќешната акција, но истата ќе продолжи и понатаму се до затворањето на последниот објекет со игри на среќа кој работи незаконски, најави Тахири.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија