Наспроти големата економска криза во Босна и Херцеговина и најавените мерки за штедење, судиите и обвинителите во земјата се лидери во регионот по висината на приходите.
Според податоците на институциите за надзор на работењето на правосудството, највисоката основна плата во однос на истиот ранг во државите од регионот имаат судиите и обвинителите на Судот и Обвинителството на БиХ, односно судиите на Уставниот суд на БиХ, наведува весникот „Независне новине“.
Околу 2.000 евра месечно земаат раководителите во Судот и Обвинителството на БиХ, а добро се платени и судиите во Судот на БиХ, како и Обвинителството на БиХ со по околу 1.900 евра месечна плата, додека нивните основни месечни приходи во просек се за 400 евра поголеми од месечните примања на судиите во Хрватска.
Наспроти високите приходи во БиХ на сите нивоа, изминатите години се „собрани“ околу 448.294 нерешени предмети, наведува весникот „Независне новине“.