Младински културен центар – Битола организира „Кампања за борба против гладот“

Од:

Младински културен центар-Битола во пресрет на 16. октомври – Светски ден на храната, денеска почна кампања за борба против гладот, како дел од глобалната акција за подигање на свеста за проблемот со гладот.

Главна цел на акцијата, нагласуваат од МКЦ-Битола, е да се поттикнат хуманите граѓани да се вклучат и да придонесат во обезбедување на основните животни потреби на социјално загрозените семејства во Битола.

Со донирање на нерасиплива храна, на пример грав, леќа, тестенини, брашно, шеќер, масло, конзервирана храна и слично, хуманите граѓани ќе придонесат за обезбедување на скромна трпеза за социјално загрозените семејства во Битола. Акцијата ќе трае до 1 ноември, истакнуваат од МКЦ-Битола.

Агенцијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство (ФАО) во 1979 година, го прогласи 16 октомври за Светски ден на храната. Целта на овој ден е да се подигне свеста за значењето на храната во светот како глобален проблем и да се зајакне солидарноста во борбата против гладот, неухранетоста и сиромаштијата. Храната е предуслов за човековото преживување и благосостојба и таа претставува основна човекова потреба. Според податоците на ФАО објавени неодамна, секое осмо лице во светот е хронично недоволно исхрането.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање