Европската комија од политичките лидери во Федерацијата Босна и Херцеговина до следната среда очекува договор и конечно решение за начинот на спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Сејдиќ и Финци“, дознава бањалучкиот весник „Независне новине“ од дипломатски извори во Брисел.
Поради договорот, но и поради претстојните бајрамски празници, можно е поместување на терминот за објавување на новиот извештај за напредокот на БиХ од 16 на 21 октомври, од што зависи европскиот пат на БиХ во следните две години, но и планираното „отворање“ на претпристапните фондови (ИПА).
Пред два дена и еврокомесарот Штефан Филе изјави дека перспективата на БиХ да стане земја-членка на ЕУ и натаму останува, но оти лидерите на највлијателните партии во БиХ без одложување мора да ги усогласат спорните прашања, како што се спроведување на пресудата од Европскиот суд и механизмот за координација.
Станува збор за спроведување на одлуката на Европскиот суд во предметот „Сејдиќ-Финци“ која треба да овозможи изземање на дискриминацијата од Уставот и да им се овозможи на припадниците на малцинствата да се кандидираат за највисоките државни функции.